Sony Xperia XA - Уредување на видеа со апликацијата Уредувач на видеа

background image

Уредување на видеа со апликацијата Уредувач на видеа

Може да ги уредите видеата коишто сте ги снимиле со камерата. На пример, може да го скратите
видеото до саканата должина или да ја приспособите брзината на видеото. Откако ќе го зачувате
уреденото видео, оригиналната, неизменета верзија на видеото останува во уредот.

Отсекување видео

1

Во Албум, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.

2

Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, потоа допрете > Скрати.

3

За да ја преместите рамката за потсекување на друг дел од временската линија, допрете и
држете го работ од рамката за отсекување и повлечете го до саканата положба, па допрете
Примени.

4

За да зачувате копија од отсеченото видео, допрете Зачувај.

Прилагодување на брзината на видео

1

Во Албум, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.

2

Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, потоа допрете > Брзина.

3

Одберете опција, потоа допрете го и држете го работ од временската линија, влечете до
саканата положба и допрете Примени.

4

За да зачувате копија на уреденото видео, допрете Зачувај.

Снимање фотографија од видео

1

Во албумот, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.

2

Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, потоа допрете > Снимање
фотографија
.

3

За да ја преместите ознаката за местоположба во друг дел од временската линија,
повлечете ја ознаката за лентата за напредок до саканата положба, па допрете Зачувај.