Sony Xperia XA - Почетен екран

background image

Почетен екран

Почетен екран е почетна точка за користење на уредот. Слична е со работната површина на
компјутерскиот екран. Почетниот екран може да има најмногу седум окна, коишто се протегаат
повеќе од ширината на вообичаениот екран. Бројот на окна на почетниот екран е претставен со
серија точки во неговиот долен дел. Нагласената точка го покажува окното во коешто се наоѓате.

1

Вовед во елементот на Xperia™

‒ Допрете за да го отворите елементот и изберете задача, како што е копирање

содржина од стариот уред или поставување услуги на Xperia™

2

Точки

‒ Го претставуваат бројот на окна на почетниот екран

Одење на почетниот екран

Притиснете .

Пребарување на почетниот екран

Окна на почетниот екран

Може да додавате нови окна на почетниот екран (максимум седум окна) и да ги бришете. Исто
така, може да може да поставите окно што ќе го користите како главно на почетниот екран.

23

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да го поставите окното како главно окно на почетниот екран

1

Допрете и држете празна област на почетниот екран додека уредот не завибрира.

2

Потчукнете надесно или налево за да го пребарате окното што сакате да го поставите како
главно окно на почетниот екран, потоа допрете .

Додавање окно на почетниот екран

1

Допрете и држете каде било на почетниот екран додека уредот не почне да вибрира.

2

За да ги пребарувате окната, потчукнете налево или надесно до крај и потоа допрете .

Бришење окно од почетниот екран

1

Допрете и држете каде било на почетниот екран додека уредот не почне да вибрира.

2

Потчукнете налево или надесно за да го пребарате окното за бришење, па допрете во
горниот десен агол на окното.

Поставки на почетниот екран

Деинсталирање апликација од почетниот екран

1

Допрете и држете каде било на почетниот екран додека уредот не почне да вибрира.

2

Потчукнувајте налево или надесно за да ги пребарувате окната. Сите апликации што може
да се деинсталираат се означени со ..

3

Допрете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, потоа допрете Избриши.

Прилагодување на големината на иконите од почетниот екран

1

Допрете и држете каде било на почетниот екран додека уредот не почне да вибрира, потоа
допрете .

2

Допрете Големина на икона, па одберете опција.