Sony Xperia XA - Елементи

background image

Елементи

Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.

За да додадете елемент на почетниот екран

1

Држете го допрено празното место на вашиот Почетен екран додека уредот не завибрира,
па потоа допрете го Елементи.

2

Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.

Менување големина нa елемент

1

Држете го елементот допрен додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
па пуштете го. Ако големината на елементот може да се менува, на пример, елементот
Календар, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големината.

2

Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го намалите или зголемите елементот.

3

Допрете каде било на Почетен екран за да ја потврдите новата големина на елементот.

За да преместите додаток

Допрете го и задржете го елементот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, а
потоа повлечете го до новата локација.

Отстранување елемент

Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го кон
Отстрани од почетен екран.