Sony Xperia XA - Поставки за јачина на звук

background image

Поставки за јачина на звук

Можете да ја прилагодувате јачината на тонот на ѕвонење за дојдовните повици и известувањата
како и на репродукцијата на музика и видео.

Приспособување на јачината на звукот при ѕвонење со копчето за јачина на звук

Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.

Прилагодување на јачината на звукот при репродукција на медиуми со копчето за
јачина на звукот

Кога се репродуцира музика или гледате видео, притиснете го копчето за јачина на звукот
нагоре или надолу, дури и кога екранот е заклучен.

Вклучување режим на вибрирање

Притиснете го копчето за јачина на звукот надолу или нагоре додека не се појави

.

За да ги приспособите нивоата на звук

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување.

3

Влечете ги лизгачите за волумен до саканите позиции.

Може да го притиснете и копчето за звук нагоре или надолу, па откако ќе ја допрете
стрелката за надолу, допрете за да ги приспособите нивоата на звук на тонот на
звонење, репродукцијата на песни или алармот.

57

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поставување на уредот да вибрира за дојдовни повици

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување.

3

Повлечете го лизгачот покрај Вибрации и за повици надесно.

За да нагодите тон на ѕвонење

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Тон на ѕвон. на телеф..

3

Изберете опција од листата или допрете па допрете и изберете музичка датотека
зачувана во вашиот уред.

4

За да потврдите, допрете Готово.

За да изберете звук за известување

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Звук за известување.

3

Изберете опција од листата или допрете па допрете и изберете музичка датотека
зачувана во вашиот уред.

4

За да потврдите, допрете Готово.

Некои апликации имаат сопствени специфични звуци за известување коишто може да ги
изберете од поставките за апликации.

Вклучување тонови при допир

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Звук и известување > Други звуци.

3

Повлечете ги лизгачите до Тонови на тастатурата и Звуци при допир надесно.