Sony Xperia XA - Поставки на видео камерата

background image

Поставки на видео камерата

За да ги приспособите поставките за видеокамера

1

Активирајте ја камерата.

2

Лизнете со прст на

.

3

За да се прикажат поставките, допрете .

4

Изберете ја поставката што сакате да ја приспособите, па направете ги промените.

Преглед на поставките за видеокамерата

Одбирање сцена

Функцијата за одбирање сцена ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаените
ситуации, користејќи претходно програмирани видеосцени. Секоја поставена сцена е направена
да даде видео со најдобар можен квалитет во одредена околина за снимање.

Исклучено
Функцијата за одбирање сцена е исклучена и може рачно да снимате видеа.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки заднини.

Пејзаж
Користете ја за видеа на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

Ноќна сцена
Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видеата на
објектите што се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно раката или користете поддршка.
Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри за да го подобрите квалитетот на видеото.

Плажа
Користете ја за видеа од сцени покрај море или езеро.

Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени видеа.

Спортови
Користете ја за видеа на објекти што се движат брзо. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.

Забава
Користете ја за видеа во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена го користи заднинското
осветлување од затворениот простор или од свеќите. Видеата на објектите што се движат брзо може да станат
замаглени. Држете ја мирно раката или користете поддршка.

HDR видео

Користете ја поставката видео HDR (High-Dynamic Range) за снимање видео при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. Видео HDR компензира за загубата на детали и
произведува слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.

Видеорезолуција

Прилагодете ја видеорезолуцијата за различни формати.

Целосно ХД (30 fps)
1920×1080(16:9)
Формат на целосно HD (целосна висока дефиниција) со 30 fps и размер од 16:9.

HD
1280×720(16:9)
Формат HD (висока дефиниција) со размер 16:9.

VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.

MMS
Снимајте видеа соодветни за испраќање во мултимедиумски пораки. Времето на снимање во овој видеоформат е
ограничено за да ги собере видеодатотеките во мултимедиумската порака.

110

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Следење објекти

Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.

Smile Shutter™(видео)

Користете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид насмевка реагира камерата
пред да снимате видео.

SteadyShot™

Кога снимате видео клип, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.

111

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.