Sony Xperia XA - Составување

background image

Составување

Вашиот уред поддржува само нано SIM-картички.

За да вметнете нано SIM-картичка

Вашиот уред поддржува само нано SIM-картички. Проверете дали го користите држачот
за нано SIM-картичка за да не ги помешате отворот за нано SIM-картичка и отворот за
мемориска картичка.

1

Отворете го капакот на отворите за нано SIM-картичка и мемориска картичка.

2

Со помош на нокотот или некој друг сличен предмет, извлечете го држачот на нано SIM-
картичката.

3

Поставете ја нано SIM-картичката во држачот, а потоа вратете го назад држачот.

4

Затворете го капакот.

Ако вметнете нано SIM-картичка додека уредот е вклучен, тој автоматски ќе се
рестартира.

8

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да вметнете мемориска картичка

1

Отворете го капакот на отворите за нано SIM-картичка и мемориска картичка.

2

Поставете ја мемориската картичка во отворот, а потоа притиснете ја до крајот на отворот,
додека не слушнете звук на кликнување.

3

Затворете го капакот.

Проверете дали сте ја вметнале мемориската картичка во соодветната ориентација.

За отстранување на нано SIM-картичката

1

Отворете го капакот на отворите за нано SIM-картичка и мемориска картичка.

2

Со помош на нокотот или некој друг сличен предмет, извлечете го држачот на нано SIM-
картичката.

3

Извадете ја нано SIM-картичката, а потоа повторно вметнете го држачот.

4

Затворете го капакот.

Отстранување на мемориската картичка

1

Исклучете го уредот и отворете го капакот за отворите на мемориската и нано SIM-
картичката.

2

Притиснете ја мемориската картичка навнатре, а потоа брзо отпуштете ја.

3

Целосно извлечете ја мемориската картичка и извадете ја.

4

Затворете го капакот.

Исто така може да ја извадите мемориската картичка без да го исклучувате уредот во
чекор 1. За да го користите овој начин, прво мора да ја отстраните мемориската
картичка. Допрете Поставки > Склад и меморија > >Напредни поставки >
Зачувување, потоа допрете покрај SD-картичка и потоа следете ги останатите
упатства погоре.