Водење сметка дека вашиот уред е заштитен
Можете да спречите други луѓе да го користат вашиот уред без ваша дозвола. На пример, ако го
изгубите уредот, ви го украдат или го избришете, само некој со информации за вашата Google™
сметка или за заклучување на екранот може да го користи уредот. За да се осигурате дека вашиот
уред е заклучен, важно е да нагодите заклучување на екранот и да ја додадете вашата Google™
сметка на вашиот уред. Клучно е да ги запаметите и информациите за заклучување на вашиот
екран и информациите за најавување на вашата Google™ сметка. За да се осигурате дека вашиот
уред е заштитен, можете:
•
Да поставите заклучување на екранот на вашиот уред, односно, PIN, лозинка, шема за да не се
ресетира уредот. За повеќе информации погледнете Заклучување на екранот
на страница 12.
•
Додадете Google™ сметка за да не го користат вашиот уред ако е украден и/или избришан. За
повеќе информации погледнете Зошто ми треба сметка на Google™? на страница 10.
•
Активирање или на услугата „Protection by my Xperia“ или на веб-услугата Android™ менаџер на
уред. Користејќи една од овие услуги може оддалеку да го лоцирате, да го заклучите или да го
избришете загубениот уред. За повеќе информации погледнете Наоѓање на изгубениот
уред на страница 19.
Потврдување на сопственоста на уредот
Одредени заштитни функции бараат или да го отклучите екранот со PIN-код, лозинка или шема,
или да внесете информации за вашата сметка на Google™. Подолу ќе најдете примери на
заштитни функции и некои од потребните акредитиви:
Заштита со
ресетирање на
фабричките
податоци
Мора да го отклучите екранот пред да може да извршите ресетирање на фабричките податоци.
Заштита со my Xperia Ако далечински го ресетирате уредот со помош на оваа услуга, мора да внесете корисничко име
и лозинка за сметката на Google™ поврзана со услугата. Уредот мора да биде поврзан со
интернет пред да заврши процесот на поставување. Во спротивно, нема да може да го користите
уредот по ресетирањето.
Android™ Device
Manager
Ако далечински го ресетирате уредот со помош на оваа услуга, мора да внесете корисничко име
и лозинка за сметката на Google™. Уредот мора да биде поврзан со интернет пред да заврши
процесот на поставување. Во спротивно, нема да може да го користите уредот по ресетирањето.
Поправка на
софтверот
Доколку го користите софтверот Xperia™ Companion за да извршите поправка на софтверот, ќе
треба да ги внесете корисничкото име и лозинката од сметката на Google™ кога ќе го вклучите
уредот по завршувањето на поправката.
За Android™ Device Manager потребно е да внесете информации од сметката на
Google™. Тоа може да биде која било сметка на Google™ што сте ја поставиле на уредот.
Ако не може да ги обезбедите релевантните информации за сметката во текот на
процесот за поставување, воопшто нема да може да го користите уредот.